fbpx
7 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Катастрофална е состојбата во Струмица после врнежите од снег

АКТУЕЛНО

Васко Ефтов вели дека огромен дел од ВМРО ќе сакаат Влада со СДСМ, но без Мицкоски: Јас за разлика од вас не ги продавам...

После бегството на Сашо Мијалков, на Заев му е јасно дека тој работи за пад на Владата на Зоран Заев. Кога е легнат на...

Филипче пресече: Полицискиот час би важел две недели

Му посакуваме на Мицкоски побрзо да оздрави и да закрепне, и здрав и прав да дојде на конгресот и да даде отчет пред делегатите...

Љубчо Георгиевски: Се чувствувам како македонец и како ништо друго

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски кој деновиве излезе со предлог план за решавање на спорот со Бугарија, којшто власта не го прифати, вели...

Вучиќ до криминалците: Готови сте, еден нема да толерирам, сите ќе ве уапсиме

По завршувањето на седницата на Советот за национална безбедност, беа прикажани фотографии со вознемирувачkaa содржинa каде се прикажуваат тешки докази. Клучните докази против криминалните групи...

Деновиве Македонија ја зафатија силни врнежи на снег, што предизвикаа отежнување на сообраќајот низ целата држава. Од партијата на ВМРО-ДПМНЕ излегоа со соопштение дека Струмица моментално е во катастрофална состојба после врнежи од снег, а вината ја префрлија на екс-градоначалникот Зоран Заев.

Иако ситуацијата и во другите градови е истата, од ВМРО-ДПМНЕ се зафатија токму за Струмица, од каде потекнува и нивниот најголем политички опонент, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Катастрофална е состојбата во Струмица после врнежите од снег и студеното време. Најголема вина за тоа носи незаинтересираниот и неспособен градоначалник Зоран Заев кој граѓаните ги остави на цедило.

Срамно е аболицираниот криминалец Зоран Заев да дозволи струмичани да си ги кршат рацете и нозете по струмичкиот мраз кој не е исчистен од улиците и тротоарите затоа што Заев или е на новогодишен одмор во монденски одморалишта, или си ги вози скапите играчки по планините, далеку од проблемите на струмичани.

Минатиот викенд во Струмица повеќе од 30 лица побарале медицинска помош поради повреди при лизгање и паѓање на мразот кој Зоран Заев и локалната самоуправа не го исчистија од струмичките улици. Дури 12 струмичани се здобиле со скршеници, а некои од нив дури и завршиле на операциона маса.

За жал деновиве слушнавме и за два трагични случаи со фатални последици за време на поларниот студ во Струмица. Еден живот згаснал поради премрзнување, а вториот додека брзата помош не можела да стигне да интервенира поради неисчистените патишта во општината на Зоран Заев.

За ова аболицираниот криминалец мора да понесе одговорност. Додека тој се луксузира и забавува во монденски одморалишта и на снегот далеку од градските мразови, неговите граѓани добиваат препораки од лекарите да не излегуваат од дома за да не си скршат раце и нозе на мразот кој Заев не го исчистил.

Ете што аболицираниот криминалец Заев направи од градот. Хаосот во Струмица е доказ за неговата непсособност. За него е најважен личниот луксуз и профит.

Него никогаш не го интересирале граѓаните и нивните животи, туку само луксузот, личното криминално богатење и милионите што секојдневно легнуваат на сметка на неговите најблиски.

Истото што го направи со милионите од Глобал го прави со милионите од струмичкиот гас, го прави со дивоградбата на Цареви кули и со сите криминални тендери во општината“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ефтов: Заев и Мијалков играа нечесено еден спрема друг, едниот сакал да го апси, а другиот не сакал реално да се смени Мицкоски

Според Васко Ефтов, Мијалков глумел дека сака да го смени Христијан Мицкоски. Тој во својата најнова емисија прави своја анализа на најновите случувања во...

Васко Ефтов вели дека огромен дел од ВМРО ќе сакаат Влада со СДСМ, но без Мицкоски: Јас за разлика од вас не ги продавам...

После бегството на Сашо Мијалков, на Заев му е јасно дека тој работи за пад на Владата на Зоран Заев. Кога е легнат на...

Раздорот во ДУИ почна да го зема својот данок: Падна првата оставка

Во писмото, ексградоначалникот на Чаир вели: „Со намера да не создадам забуна кај ниту еден мој колега во Собранието, а воедно и да дадам...

Голема тага во домот на балканската дива Карлеуша

Денеска се навршуваат две години од смртта на некогашната радио водителка Дивна Карлеуша. Нејзината ќерка, пејачката Јелена Карлеуша на својот Инстаграм порфил ја објави мајчината...

Љубчо Георгиевски кажува на кој јазик пишувал Гоце Делчев

„Гоце Делчев, Даме Груев, Пере Тошев, Ѓорче, Никола Карев биле учители на бугарската егзархија. Факт е дека ние тоа го криеме во македонската историја....
- Advertisement -