fbpx
5 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Неправедно е од затвор да се ослободуваат осудени за тешки кривични дела, а по судови да се влечат патриоти

АКТУЕЛНО

Љубчо Георгиевски се огласи за интервјуто на Заев:Заев решава два-три крупни проблеми од државен аспект

Љубчо Георгивески, лидер на ВМРО Народна партија, е на став дека сите работи што ги кажал премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се...

Николов: 100 штипски куќи во населбата Света Недела за социјално загрозените семејства

Штип се грижи и ќе се грижи за секој еден свој жител. Солидарноста, хуманоста и посветеноста се нашиот столб и во тој дух ќе...

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Македонија е земја каде владее хаос и неправда. Безбедноста на граѓаните е загрозена, а секојдневно сме сведоци на мафијашки престрелки, насилни инциденти и рекет. Неспособното раководство на МВР и највисоките функционери на СДСМ во владата се во коалиција со криминалот.

Убиецот на младиот Мартин Јанушев е сеуште на слобода, а остануваат нерасчистени и десетици други случаи на убиства и насилства. Полицијата е немоќна. Од затвор се ослободуваат осудени криминалци само заради враќање на предизборните долгови кои СДСМ ги имаше кон подземјето.

Целиот апарат и сите органи на прогон се впрегнати во политички цели на СДСМ.

Се води организирана, политички мотивирана хајка само против лица што го кренаа гласот против недемократската влада на Зоран Заев и СДСМ.

Притворените патриоти и пратеници се обвинети за тероризам со апсурдна конструкција за да се создаде страв кај граѓаните и да се дефокусира јавноста од реалните проблеми.

OЈО без аргументација и докази фабрикуваше случај против уметници, оперски пејачи, архитекти, режисери, глумци, доктори, пратеници, полициски службеници, мајки на малолетни дечиња.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до правосудните органи веднаш да го запрат политичкиот прогон и да не се ставаат во функција на СДСМ. Судот има можност да се ослободи од политичкиот притисок и да дели правда врз основа на докази. Судиите мораат да се стават во функција исклучиво на Уставот, законите и човековите права на секој граѓанин на Република Македонија.

Дурловски, Илиевски, Јовановски, Чавков, Дамовски, Мукоски и останатите кои неправедно се во притвор, не се терористи, туку патриоти чиј единствен грев е што ја сакаат Република Македонија.

Откако СДСМ е на власт постои само селективна правда, политички прогон и масовно ослободување на прекршителите на законите кои се блиски или корисни за власта.

Неправедно е од затвор да се ослободуваат лица осудени за тешки кривични дела, а во исто време по судови да се влечат патриоти кои никогаш не сториле ниту прекршок“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Љубчо Георгиевски: Ќе ги објавувам со име и презиме сите од ВМРО кои плукаат по Заев а зборувале многу за Бугарија

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен македонски премиер, Љубчо Георгиевски во интервјуто на ТВ 24 дебатираше за македонско-бугарските односи и интервјуто кое премиерот Зоран...

Овој напиток е ХИТ во светот: Се пие 15 дена, намалува 80 отсто од маснотиите

Револуционерниот напиток стана хит во светот поради својата ефикасност. Тајната е во главната состојка – сода бикарбона бидејќи за четири недели го забрзува метаболизмот и...

Николовски : Штип заслужува да е во сигурни раце

Денеска се приклучив на централниот караван на #СДСМ во Штип, со поддршка и промоција на програмата на Д-р Сашко Николов. Само со Сашко Николов,...

Миленко го нарече Апасиев шарено kурле и му порача: Парите од хонорар кај Катица да ги вратиш

Шареното kурле го рушеше Грујо за да дојде Заев. Заев дојде, kурлето во парламент кворум му обезбедува. Еднаш шарен - секогаш шарен. Парите од хонорар кај...

Љубчо Георгиевски се огласи за интервјуто на Заев:Заев решава два-три крупни проблеми од државен аспект

Љубчо Георгивески, лидер на ВМРО Народна партија, е на став дека сите работи што ги кажал премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се...
- Advertisement -