fbpx
5 C
Skopje

Заев на средбата со амбасадори: Иванов веднаш да го даде мандатот и да осигура мирен трансфер на власта!

АКТУЕЛНО

Љубчо Георгиевски: Се чувствувам како македонец и како ништо друго

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски кој деновиве излезе со предлог план за решавање на спорот со Бугарија, којшто власта не го прифати, вели...

Вучиќ до криминалците: Готови сте, еден нема да толерирам, сите ќе ве уапсиме

По завршувањето на седницата на Советот за национална безбедност, беа прикажани фотографии со вознемирувачkaa содржинa каде се прикажуваат тешки докази. Клучните докази против криминалните групи...

Христијан Мицкоски од инфективна клиника: Тешко дишам, а главата ми пука од температура

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на фејсбук од инфективна клиника: По криминални и украдени избори, злоупотреба на вонредна состојба, масовен поткуп, притисоци,...

По барањата за воведување рестриктивни мерки, се огласи и Филипче: Не е исклучена можноста за воведување на рестриктивни мерки идната недела

Засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки, но можноста за такво нешто не е исклучена, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Како што...

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска, денеска се сретна амбасадорката на Р.Германија во Р.Македонија, Кристине Д.Алтхаузер, со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија, Чарлс Гарет, со амбасадорот на Кралството Шведска, Матс Стафансон и со амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп.

На средбата е изразена загриженост за кочењето на демократските процеси во Р.Македонија, по изборите на 11 декември.

„Имавме кредибилни избори, на коишто мнозинството граѓани го поддржаа концептот на едно општество, развој на Р.Македонија и квалитетен живот. Преточено во пратенички мандати, тоа се 67 мандати со коишто е обезбедено парламентарното мнозинство и се создаден услови за разговори за формирање на новата Влада. Ѓорге Иванов предизвикува уставна криза и остава простор на Никола Груевски за провокации и насилство со цел да спречи мирен трансфер на власта што ја изгуби. Неопходно е Иванов веднаш да го даде мандатот за формирање нова Влада во Р.Македонија, во интерес на граѓаните и на државата“, рече претседателот Заев.

На средбата е оценето дека е неопходно демократските процеси во Македонија да продолжат со цел да се формира новата реформска Влада, според очекувањата на граѓаните.

„Не смее да трпат последици државата и граѓаните само затоа што Никола Груевски ја изгуби власта и се плаши од соочување со одговорност за несовесното владеење. Нови избори би значеле само продлабочување на кризата. Ништо од тоа што лаже власта во заминување преку пропагандата не е точно. Ние сме определени кон унитарна Република Македонија, тоа е поддржано и од партиите со коишто го обезбедивме парламентарното мнозинство. Ја имаме веќе основата на новата владина програма за што ќе се разговара во процесот на формирање Влада, таа е поставена на реформи, нови работни места, квалитетно здравство, образование, правда, враќање на парите кон граѓаните и евро-атлантски развој на Македонија преку заедништво, а не поделби“, соопшти претседателот Заев.

На состанокот се изразени очекувања за зрелост од сите страни со цел Македонија и граѓаните што побрзо да ја добијат новата Влада, на мирен начин, како што доликува на земја којашто има за цел да биде дел од демократскиот свет.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Љубчо Георгиевски: Се чувствувам како македонец и како ништо друго

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски кој деновиве излезе со предлог план за решавање на спорот со Бугарија, којшто власта не го прифати, вели...

Земјотрес во Македонија – ноќеска се тресеа овие градови во земјава

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 22:43 часот е почувствуван во Дебар, Гостивар и Маврово, соопшти денеска Сеизмолошката...

И докторите заплакале: Оваа потресна фотографија крие приказна која никогаш нема да ја заборавите

Брачниот пар Дон (84) и Маргарет (80) биле во брак 59 години, тие во август оваа година починаа заедно држејќи се за рака. На вработените...

По Задушница доаѓа големиот празник: Што треба да направи секој верник?

Прочка, кој доаѓа по Задушница, претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Празникот Прочка или Велики...

ОВАА ЗАГАТКА НИКОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА ЈА РЕШИ, А ДАЛИ ВИЕ ГО ЗНАЕТЕ ОДГОВОРОТ: Кое семејство од фотографијата е сиромашно?

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ: Слика подолу Со оваа загатка ќе го тестирате Вашиот мозок и можеби ќе откриете дали би биле добар детектив. Па, кое од...
- Advertisement -