fbpx
34.8 C
Skopje

Започнуваат преговори: Али Ахмети забележан во Бихаќка

АКТУЕЛНО

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во моментот се наоѓа во просториите на Бихаќка, каде ќе оствари средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, потврдија очевидци за Поглед.мк.

Според информациите со кои располагаме, многу веројатно е денес да започнат меѓусебните преговори помеѓу Заев и Ахмети, откако неофицијално пропаднаа преговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за составување на нова влада.

Не е познато кои ќе бидат барањата на Ахмети, но јасно е дека во тие преговори подоцна се очекува да бидат вклучени и партиите на БЕСА односно Алијанса на Албанците.

Во текот на вечерта се очекуваат повеќе информации околу настаните во Бихаќка.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -