fbpx
16 C
Skopje

Зери: Војската на Косово ќе има осум илјади припадници!

АКТУЕЛНО

Косовската војска ќе има осум илјади војници, од кои три илјади ќе бидат во резервниот состав, пишува приштинскиот весник Зери, повикувајќи се на нацрт законот со кој се предвидува трансформација на косовските безбедносни сили во косовска војска.

Издвоениот буџет на надлежното министерство ќе изнесува 51 милион евра, а за оваа цел секоја година ќе бидат издвојувани по пет милиони евра, пренесува весникот.

Косовскиот претседател Хашим Тачи на почетокот на март во собраниска процедура го предаде новиот предлог закон за безбедносните сили на Косово. Законот за БСК ја регулира мисијата, функционирањето и задачите на БСК, нивната организација и низа други прашања во врска со служењето во БСК, рече тогаш Тачи.

За разлика од Тачи, косовскиот премиер Мустафа Исет вели дека формирање на војска е можно само преку поддршка на меѓународните пријатели и НАТО.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -