10.8 C
Skopje
Saturday, May 4, 2024
Платено политичко рекламирање

Сиљановска го коментира одморот на Заев: Тој беше најактивен во кампањата, па реши сам лично да си даде одмор

Професорката Гордана Силјановска Давкова вечерва беше гостинка во „Отворено“ на телевизија Алфа каде што го искоментира одморот на премиерот Зоран Заев.

– Ова не беа парламентарни туку претседателски избори ама премиерот беше најактивен па реши по завршувањето да си даде одмор. Тој сам лично си дава одмор. И претходно си даде одмор. Паметам еден премиер кој си даде одмор кога му се роди четвртото дете. Тони Блер како одговирен родител сами си даде одмор оти сакаше малку да му се посвети на бебето – рече професорката Гордана Силјановска.

Претходно, во текот на денот Сиљановска се сретна и со шефот на делегацијата на ЕУ, амбасадорот Самуел Жбогар. На средбата тие се согласиле дека иднината на земјата е во ЕУ, но и дека е потребна работа за ЕУ да се внесе во секојдневниот живот на граѓаните.

Прочитај повеќе: Џевахир Сити со соопштение за договорот со Ѓорѓе Иванов.

Би сакале да ја информираме јавноста дека помеѓу компанијата Турмак АД – Подружница Скопје и Службата за општи и заеднички работи на Република Северна Македонија е склучен договор за закуп и користење на опремен службен простор за потребите на Кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов. Договорот е склучен во времетраење од една година и е во сопственост на компанијата Турмак. Според договорот, месечниот закуп за 274 м2 деловен простор изнесува 1950 евра.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави