13.8 C
Skopje
Friday, May 17, 2024
spot_img

МТВ: Поканата за дуел до двајцата претседателски кандидати ја испративме на 26 април

Од тимот на Пендаровски, додаваат од МТВ во реакцијата, немало одговор до 1 мај по што била испратена порака до тимот да се изјаснат за дуелот. Во одговорот што го добиле, додаваат од МТВ, стоело дека не можат да ја организираат агендата и оти не можат да успеат

Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Стево Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ, се наведува во реакцијата од јавниот сервис испратена вечерва.

Реакцијата доаѓа откако кандидатот за претседател Стево Пендаровски на социјалните мрежи објави дека дебатата никогаш не била договорена меѓу двајцата кандидати.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави