16.8 C
Skopje
Thursday, May 2, 2024
Платено политичко рекламирање

Делчевчанецот Велиновски станува нов македонски фудбалски репрезентативец

По подолго време Делчево добива уште еден фудбалски репрезентативец. Кристијан Велиновски е момчето кое како фудбалер на Академија Пандев се најде во списокот на фудбалери кои треба да бидат дел од тест натпреварот на фудбалските репрезентативци до 21 година. Селекторот Благоја Милевски заедно со стручниот тим на репрезентацијата на 07 март ќе организира тренинг натпревар меѓу кандидатите за место во националниот тим. Тест натпреварот ќе биде еден вид филтер за натпреварите од квалификациите за ЕП против Русија и Австрија, па и за преостанатите четири квалификациски дуели. Му посакуваме многу успех на Велиновски од кој очекуваме да тргне по стапките на Ванчо Трајанов, последниот фудбалски репрезентативец од Делчево кој играше во А селекцијата на Македонија, фудбалер кој заедно со Артим Шаќири ги имаат постигнато можеби двата најефектни погодоци за македонската фудбалска репрезентација. Тоа беа погодоците против репрезентацијата на Англија кога на 16 октомври 2002 година во Саутемптон ремизиравме со резултат 2:2. Тогаш токму Ванчо Трајанов беше стрелец на вториот гол за нашата репрезентација. Голот на Трајанов може да го погледнете во видеото подолу.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави