16.8 C
Skopje
Wednesday, May 1, 2024
Платено политичко рекламирање

Не ми е мака што ме лажеле, мака ми е што ме излажале…

Ме излажале дека во 90те создале независна држава, државава е строго контролирана и зависна од српскоруските служби. Ме излажале дека 28 години ја развиваат економијата, ја столчија и ограбија со помош и обука од горенаведените служби. Ме излажале дека во 2001 година Албанците водеа војна за човекови права, а Македонците ја бранеа татковината од албанската наезда, и војната беше перфектно спроведена од страна на горенаведените служби со цел да се спречи евроатланската интеграција на Република Македонија воедно и економската благосостојба и безбедноста на државата во која Македонците и Албанците живеат и прежувуваат заедно.

Ме излажале дека се социјалдемократи, дека ќе воведат социјална држава и вистинска демократија додека народот живее на работ на егзистенција со катастрофално образование и здравство и со сериозни прекршувања на уставниот поредок и демократијата во Република Македонија. Ме лажеле дека се народна демохристијанска десница која гради и отвора фабрики, автопати, болници, училишта за добробит на народот а реално ја ограбувале татковината преку криминални тендери, немаат ни Д од демократија, Х од христијанство и В од ВМРО бидејќи заедно со нивните “другари” од левицата се кадри на горенаведените служби.

Ме лажат дека судството е некорумпирано додека криминогената олигархија од сите политички гарнитури живее како бубреџе во лој заштитена од законот. Сеуште таканаречените леви ме лажат дека со промена на името ќе ја внесат Македонија во семејството на европските вредности, а таканаречените десни дека наводно го бранат истото тоа име и сите заедно по налог на горенаведениот центар ја држат Македонија во оковот на минатото со помош на нивните таканаречени новинарски хиени. Арно ама повеќе не вервам, не веруваат ни повеќето жители на нашава напатена татковина, без разлика дали се Македонци или Албанци, без разлика дали се со леви или десни или пак воопшто немаат политички убедувања.

Затоа… Реформи за европско ВМРО ДПМНЕ! Реформи за Македонија дел од ЕУ и НАТО! Реформи за конечна слобода и независност на Република Македонија од оковот на српскоруските интереси!

Автор: Благој Д. Шаторов (внук на Методија Шаторов-Шарло)

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави