Откако претходно твитна во авион, Хан за време на средбите со политичките лидери во Скопје, испрати нова порака на Твитер.
„Почнаа разговорите. Итно е потребна нова влада за да спроведе реформи. Нема време за губење! Патот на Скопје кон ЕУ е отворен по последниот состанок на советот на ЕУ. Но, часовникот отчукува. Потребно е лидерство наместо тактика. Економијата трпи“, напиша Хан.