4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ердоган: Денешната „фашистичка, жестока“ Европа наликува на времето пред Втората светска војна

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска со остри критики упатени до ЕУ.

Тој денеска изјави дека  денешната „фашистичка, жестока“ Европа наликува на времето пред Втората светска војна.

Ердоган истакна дека ќе ги разгледа односите со Европа по референдумот на 16 април и тогаш ќе биде сторено тоа што е неопходно.

Тој и порача на Европа „да си ја гледа својата работа“ во однос на коментарите за вонредната состојба во Турција, нагласи и дека нема да дозволи ниту еден Европеец да дејствува како агент во Турција

 Ердоган истакна дека во однос на ЕУ ќе се роди сеосема поинаква Турција по референдумот на 16 април, на кој граѓаните ќе гласаат по прашањето за воведување претседателски систем, посочувајќи дека Европа повеќе не може да и се заканува на Турција со процесот за членство и со спогодбата за мигрантите, бидејќи тој период завршил.

 

поврзани објави

Последни објави