При операции телото трпи неподнослива болка која може да предизвика смрт. За да не се случи тоа се коритата анестезии кој го блокираат центарот за болка. Еве што треба да знаете за нив
Кој видови на анестезии постојат?
-Постојат повеќе видови на анестезија, општа или тотална, епидурална, спинална, блок анестезија.. Која ќе биде применета за операцијата зависи од одлуката на анестезиологот и од самата интервенција.
Зошто служи прегледот на анестезиологот пред интервенцијата?
Непходно е да анестезиологот пред операцијата го прегледа пациентот и стекне увид за комплетната медицинска документација, лабараториски анализизи и снимики ЕКГ и да се утврди дали е подготвен за зафатот.
Може ли пацеиентот сам да избере каков вид на анестезија сака?
Од видот на анестезијата и начинот одлучува анестезилогот со договор со хирургот, додека пак поединечни видови на интервенција можат да бидат со специфична анестезија доколу пациентот сака.
Зошто на анестезиологот ништо не смеете да му премолчите?
Употребата на наркотици, алкохол, епилеписија, слабост на мускулите, психиатриски заболувања можат да доветат до компликација во текот на интервенцијата и затоа најдобро е да му кажете се до детал.
Дали општата анестезија е исто како длабок сон?
Не е бидејќи во текот на спиењето се мрдаат екстремитетите, самостајно дишење. Во општата анестезија силните лекови ги парализираат мускулите бидејчи тоа е неопходно за хирушкиот зафат.
Има ли разлика во анестезијата кај деца или возрасни?
Зрелоста на органите кај децата и возрасните не е иста, и тоа подразбира посебен пристап во изборот на анестезија и нивната доза.
Постојат ли пациенти кој неможат да се воведат во анестезија?
Тоа се пациенти чие мометално здравје бара претходно лечење. На пример висок притисок кој мора да се симне пред анестезијата.
Може ли анестезијата да попушти во текот на операцијата?
За да не се случи тоа се додава анестетик во теко на операцијата и така се планира моментот на будење.
Какви лекови се користат за анестезијата и колку се опасни?
Станува збор за лекови кој неможат да се најдат во слободна продажба. Доколку дојдат во погрешни раце можат да бидат опасни.
Колку време треба да помина помеѓу две анестезии и колку најдолго може да трае нивното дејстов.
Анестезијата може да се прима повеќе пати дури и истиот ден. Ако е тоа неопходно може да се одржава и повеќе денови па дури и месеци во случај на вештачка кома.