Амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Воутер Пломп денеска беше гостин на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Двајцата соговорници разменија мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија, особено по вчерашната посета на комесарот Хан и европратениците Кукан, Вајгл и Флекенштајн.
Жерновски и Пломп се согласија за неопходноста од чекорите кои мора под итно да се преземат за надминување на политичката криза во која се наоѓа државата.
Потребен е брз и мирен трансфер на власта и итно формирање на влада, за да можат институциите да работат со полн капацитет и да се исполнат неопходните услови и реформи за што поскоро евроатлантско интегрирање на Македонија.
Жерновски и Пломп разговараа за последиците од евентуалното одложување на локалните избори и како тоа ќе се рефлектира врз работењето на општина Центар и останатите единици на локалната самоуправа, се вели во соопштението на Општина Центар.