6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

Осудените за хомосекусалност ќе добијат амнестија

Денес германската влада донесе закон со кој ќе бидат амнестирани и обештетени луѓето кои се осудени или казнети за хомосексуалност, според законот кој важи од 1994 година.

„Рехабилитацијата на мажите кои беа изведени пред суд само поради нивната хомосексуалност веќе одамна е работа што се подразбира сама по себе“, истакна Хеико Мас, германскиот министер за правда.

Овој закон требаше да биде прифатен уште минатата есен, но доцнеше поради приговори кои ги имаше од страна на коалицискиот партнер во владата на Ангела Меркел.

И покрај оваа одлука, демохристијанската унија на Меркел и натаму се противи на идејата за дозвола на истополови бракови во земјата.

поврзани објави

Последни објави