Вице премиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски вчера учевствуваше на состанокот на коалицијата за борба против Исламската држава во Ирак и Сирија, кој се одржа во Вашингтон.
„На оваа конференција се заклучува дека воениот дел е пред своја завршница во Сирија и Ирак против Исламска држава, но сите веруваат дека тоа е најлесниот дел од задачата. Најтешкиот следува понатаму за враќање во нормала на животот, што е нешто што ќе одземе долг временски период. Но, главниот предизвик и за нас како Македонија, за земјите од регионот и сите земји членки на оваа коалиција е процесот на дерадикализација што треба да се одвива во следниот период. Борба против онаа појава на странски борци, граѓани од нашите држави кои ги имаат облечено униформите на Исламската држава и војуваат или мобилизираат други луѓе да војуваат таму на начин како што се случуваше во изминатите години. Ова е долгорочниот предизвик и од ова ќе зависи најмногу успехот и на американската интервенција и на целата коалиција мобилизирана против оваа закана за нашата цивилизација“, изјави Попоски за Македонската телевизија.