-0.2 C
Skopje
Thursday, January 16, 2025

Путин: Неопходно обединување на меѓународната заедница во борбата против тероризмот

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека нападот пред британскиот парламент нагласува потреба за заедничка борба против тероризмот.

Во писмо до британската премиерка Тереза Меј тој наведува дека „терористичките сили се однесуваат подмолно и на циничен начин“.

„Неопходно е да се обединат напорите на меѓународната заедница за да се спротистават на терористички закани“, пишува Путин во писмото. Тој изрази и сочувство до семејствата на жртвите.

поврзани објави

Последни објави