Цената на суровата нафта на светските берзи утрово повторно бележи пад и во моментов е околу границата од 100 долари за барел.Иако се уште нема официјални информации, неофицијално, во текот на денот се очекува Регулаторната комисија за енергетика да ги намали малопродажните цени на нафтените деривати.
Со актуелната цена на суровата нафта во новата цена која ќе ја објави Регулаторот веќе нема да има помала акциза бидејќи согласно Законто кој го усвои собранието за да се намали акцизата за 1 денар, цената на суровата нафта на светските берзи треба да биде поскапа од 108,8 долари по барел.
Регулаторната комисија за енергетика вчера имаше одлука но со неа не изврши никаква промена на цените на нафтените деривати задржувајќи го намалувањето на акцизата за еден денар. Во моментов бензините чинат 86,5 односно 88,5 денари по литар, а дизелот се продава за 88 денари.