16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Пронајден еден од најпознатите бродови во историјата, и тоа по – 107 години од исчезнувањето (ВИДЕО)

Научниците го пронајдоа трупот на еден од најбараните бродови кој пропаднал пред повеќе од еден век, односно 107 години.

Остатоците од бродот Ендјуранс, кој припаѓал на истражувачот Сер Ернест Шеклтон, се пронајдени на почетокот на март 2022 година во близина на брегот на Антарктикот.

Бродот во текот на експедицијата во 1915 година удрил во мраз и потонал, а Шеклтон и екипажот морале да се евакуираат во чамци.

Иако е повеќе од еден век на морското дно, сепак делува дека е во иста состојба, како на денот кога пропаднал, во ноември 1915 година.

Дрвената конструкција, иако е нагризена, сепак сè уште е цела, а името јасно се гледа на трупот на бродот.

„Без да претерам, мора да кажам дека ова е најсочуваниот дрвен брод кој сум го забележал“, вели поморскиот археолог Менсун Баунд.

поврзани објави

Последни објави