Пендаровски со барање за гаранции од страна на Брисел дека бугарите нема да имаат други барања во иднина.
Имаме ли заедничка историја со Бугарите, можеме ли да најдеме заеднички јазик, кои се нашите гаранции и дали Брисел ќе се вклучи поактивно во целиот процес за Северна Македонија конечно да може да ги отпочне преговорите со ЕУ.
Одговорите на овие прашања ќе ги дознаеме наскоро, а во меѓувреме во земјата политичарите разговараат и бараат решенија на овие прашања кои уште се отворени.
Ако од Брисел немаме гаранции, тешко дека ќе се зголеми довербата во процесот.
Претседателот Пендаровски смета дека ставот на опозицијата за барање гаранции е коректен и смета дека за овој случај со нашиот источен сосед власта и опозицијата имаат речиси идентични ставови.
Сепак, покрај тоа, тој откри дека е длабок јазот меѓу власта и опозицијата и дека лидерите на најголемите македонски политички партии Ковачевски и Мицкоски не успеале да се договорат да гледаат фудбал заедно. На ова Пендаровски додаде прашање.
Ако не може ниту фудбал да гледаат заедно, како би можеле да се договорат да решаваат политички прашања.
Дали на крајот ќе се обединат, останува да видиме.
Дека Пендаоровски не молчи, говори и фактот што знае често и директно да ја упати пораката онаму каде што треба. Линк од пример за таков случај со клик ОВДЕ.