fbpx
24.8 C
Skopje

JСП до средношколците: Билетите ќе ги добиете во училиште

АКТУЕЛНО

ЈСП соопштува и ги информира средношколците од прва година дека билетите за бесплатен превоз ќе ги добијат во училиште.

ЈСП Скопје ги информира учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз, дека билетите ќе ги добијат во матичните училишта.

Учениците од повисоките одделенија, во случај да има потреба од нова електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје.

Неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 ден за изработка на картичката.

Средношколските билети за бесплатно користење на јавен превоз, важат за сите линии (градски и приградски) во период од 05 до 24 часот, односно, единствено не важат за користење на ноќни линии, се вели во соопштението од ЈСП.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -