Се формира нов политички субјект во Македонија. Имено, таквата информација ја сподели Љупчо Палевски Палчо кој во емисијата „Тешки муабети“ вели дека веќе се собрани потписите за формирање на политичката партија.
После Скопје највеќе потписи имаме во Штип. Бев шокиран колкава поддршка имаме таму. Нотарката не пофали што прв пат гледа мала партија а добива 300 и кусур потписи. Тоа треба да го секира ВМРО, во Штип, каде што сметав дека е многу тешко.
Три четири недели после конгресот веднаш пристапуваме до референдумски иницијативи, од една изборна единица до куп подготвени. Мора Македонецот да разбере дека најголемата сила ја имаме во рака, но сме слепи. Која е таа сила која ја имаме. Забораваме дека референдум е над Уставот и Парламентот во оваа држава. Референдумското прашање се извршува, вели Љупчо Палевски.
Партијата како што извести тој ќе се вика „Десна“.