13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

На Жоро сега му текна дека ќе бидеме „северномакедонци“ надвор: Зошто тоа не го кажа додека беше во Влада?

На Зоран Димитровски Жоро сега му текна дека ќе бидеме „северномакедонци“ надвор. Вели дека неговото тврдење го потврдува врз она што сугерира новото име.

Тоа е истиот човек кој е дел од партија која до вчера беше во Влада, и ниту еднаш, ама баш ниту еднаш, ниту во интервју, ниту во колумна, ниту пак како изјава додека беше дел од владиниот круг не ја искажа оваа реченица.

– Ние ќе си бидеме северномакедонци надвор. Дома тие што ќе дојдат дипломати ќе ни велат македонци, вели Димитровски во дебата на „Само вистина“.

На ова Нано Ружин му возврати: Да не вадиме такви детали кои се јасни. Остави ти што сугерира името, погледни што пишува, а пишува дека сме македонци.

Зошто Димитровски досега молчел и сега наеднаш откако излезе од Владата почнува да зборува јавно на тв дебати дека ќе си бидеме северномакедонци по надвор, а македонци дома, а беше дел од Влада и луѓе од владин круг кои го склучија тој Преспански договор, треба веројатно да одговори самиот Димитровски?

поврзани објави

Последни објави