2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Македонскиот одбојкарски капитен ја доби МВП наградата во Јапонија

Македонскиот одбојкарски капитен Никола Ѓоргиев освои се што можеше да се освои со неговиот Тореј Ароус во оваа сезона. Прв трофеј што го „ожнеаја“ е Царскиот куп, минатата недела тој дојде и до шампионската круна во јапонското првенство.

А денес Никола Ѓоргиев се закити и со признанието МВП во јапонската одбојкарска лига. Тој го доби МВП признанието за најкорисен одбојкар во јапонскиот шампионат, како заокружување на одчичната сезона што Македонецот ја имаше на Далечниот Исток.

Само за потсетување, Никола Ѓоргиев пред две сезони беше избран и за МВП на првенството на Франција, по одличните настапи што ги имаше во дресот на Париз, по што следеше и трансферот во Јапонија.

поврзани објави

Последни објави