Поедини видови на јадења посебно добро делуваат на здравјето, нервниот ситем, добро памтење како и стабилно расположение.
Многу корисни се семките, kоноп, коприва кој содржат омега-3 масни киселини. Омега-3 се од клучно значење за нервнио систем, имунитетот и кардиоваскуларното здравје. Оревите, бадемите и индиските ореви истотака содржат здрави масти, како и антиоксидативен витамин Е кој допринесува за добро расположение.
Малините, капините, боровинките, црната рибизла се богати со антоцијаним фитохемикалии кој представуваат моќен антиоксиданс. Овие антиоксиданси помагаат за успорување на процесот на стареење и ги штитат крвните садови и мозокот.
Црното чоколадо со висока стапка на какао истотака допринесува за добро расположение, благодарејќи на високото количество полифенол. Едно минатогодишно истражување покажало дека полифенолот ја ублажува анксиозноста, стресот и со тоа не прави посмирени.