13.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024
Платено политичко рекламирање

Уапсен Доналд Трамп! (ВИДЕО)

Обвинение за Доналд Трамп во живо: Поранешниот претседател на САД уапсен во Њујорк

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, денеска стана првиот шеф на државата кој бил уапсен, откако формално му се предаде на судот, каде треба да биде изведен пред судија поради наводно давање мито на порноактерка.

Трамп пристигна со лимузина и силно обезбедување пред судот, каде им отпоздрави на стотиците поддржувачи собрани во близина. Во Њујорк има засилени мерки за обезбедување и дури 35.000 распоредени полицајци поради стравувањата на властите од нереди.

На Доналд Трамп, како што веќе јавија медиумите, ќе му биде земен отпечаток од прст.

Нема да му бидат ставени лисици и нема да мора да се фотографира како сите останати американски граѓани кои се уапсени. Ова е поради тоа што властите не сакаат дополнително да ги иритираат поддржувачите на Трамп, кој е фаворит во трката за републикански претседателски кандидат на изборите догодина.

Извор: Ал Џезеира ЛИНК – кликни ТУКА 

Фото: Како изгледа домот на американскиот претседател Доналд Трамп – од златен тоалет до златни светилки

Мајк Помпео, државен секретар за време на администрацијата на Трамп и уште еден можен претседателски кандидат, го обвини обвинителот дека „игра политика“ во случајот со поранешниот претседател Доналд Трамп.

Републиканскиот сенатор од Јужна Каролина Тим Скот, уште еден можен кандидат, во изјавата рече дека „прокриминалниот њујоршки обвинител не успеал да уапси криминалци, туку го користи законот за политички калкулации“.

„Ова е пародија и не треба да се случува во најдобрата земја во светот“, рече Скот.

Ненси Пелоси, поранешната претседателка на Претставничкиот дом, напиша на Твитер дека „големата порота ја донесе својата одлука врз основа на фактите и законот“.

„Никој не е над законот и секој има право на судење за да ја докаже својата невиност. Се надеваме дека поранешниот претседател мирно ќе го почитува системот што му го дава тоа право“, додаде таа.

Инаку, поранешниот претседател на САД Доналд Трамп ја најави својата кандидатура за изборите во 2024 година во интервју со Кендис Овенс.

Трамп ги критикуваше медиумите поради критиките упатени на сметка на неговата сопруга Меланија, која не се огласи од напуштањето на Белата куќа.

„Таа е самоуверена и добра личност. Луѓето ја сакаат. Но, тоа беше многу нефер, иако таа добро го поднесува тоа“, рече Трамп.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави