16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Димитар Ковачевски: Нема избори пред 2024

Лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во седиштето на партијата уште еднаш повтори дека ќе нема предвремени избори и оти тие ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека избори ќе има во 2024 година.

На тие избори, прво на претседателските, ќе победи кандидатот предложен од СДСМ, а потоа, на парламентарните избори ќе победи Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и заедно со коалицијата ќе формира влада со којашто ќе влеземе во Европската Унија.

Ковачевски на прес-конференцијата најави целосна мобилизација на општеството за, како што рече, нова победа на државава, најавувајќи теренски активности на партијата.

Димитар Ковачевски: СДСМ од денеска е на терен!

Рамо до рамо со граѓаните, започнуваме со интензивни теренски активности. Во секое населено место, во секоја уличка, во секоја куќа, зграда, маало, урбана заедница, таму каде што ни е местото, меѓу народот, заедно со граѓаните.

Секој ден ќе бидеме рамо до рамо со народот, заради подобра на татковината, а не заради тоа што наредната година има избори – истакна премиерот Димитар Ковачевски.

Мицкоски: Го прифаќа хрватскиот модел за уставните измени!

Ваквиот предлог од Мицкоски беше одбиен од Димитар Ковачевски.

Ковачевски смета дека ѕставни измени се потребни по македонски модел за европска иднина!

Осрнувајќи се на таканаречениот хрватски модел за измена на Уставот, Ковачевски посочи дека има македонски модел кој ќе ја обезбеди европската иднина на државата.

„Сметам дека ние имаме и македонски модел бидејќи ние секогаш сме се бореле за македонска држава, за македонски јазик за кој се изборивме во преговарачката рамка и договорот ФРОНТЕКС, за македонски идентитет во кој се изборивме во преговарачката рамка. Сметам дека треба да продолжиме со македонски консензус, со македонска политичка волја и со македонска визија за европска Македонија“ посочи премиерот.

Претседателот Ковачевски истакна дека во работната група се поканети претставници од сите политички партии и повика темата за уставни измени да не биде користена за дневна политика.

Целиот текст и став на СДСМ со клик ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави