По кусо боледување, ноќеска на 72 години почина кралот на ромската музика, Ферус Мустафов.
Мустафов ќе биде погребан во Штип, каде е роден и каде последните години живеел со семејството.
Ферус имаше мозочен удар на 26 април и оттогаш беше во болницата „8 Септември“.
Мустафов е роден во Штип во ромско семејство на музичари.
Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет.