13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

ИНТЕРВЈУ со Елена Стојчевска Станковиќ :” Веганската козметика – кутивче полно со љубов за вашата кожа”

Интервју на порталот “Поглед.мк” со Елена Стојчевска Станковиќ.

Почитувани, најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за пројавениот интерес околу нашите производи. Чест и задоволство ми е да споделам со вас за што поконкретно се работи.

ПОГЛЕД: Од каде идејата за производство на органски продукти за нега на кожа.

– Мотивот ми беше инспириран од мојата желба да им помагам на луѓето. Уште од најмала возраст сакав да помагам и постојано наоѓав различни начини да го сторам тоа. Откако созреав, направив обид да студирам на факултетот за Физиотерапија во нашата земја, но набрзо заминав за Велика Британија каде што завршив вишо училиште за Социјална работа, курс за масажа, како и курс за изработка на природна козметика.

Во тој контекст со една моја блиска пријателка, почнавме да разговараме истражуваме и дојдовме до заклучок дека девојките и момчињата имаат многу хормонски проблеми кои произлегуваат од стресното и динамично секојдневие во кое живееме, како и од храната која ја внесуваме.

Така, во нас се роди желба на пазарот да понудиме нешто што е многу здраво за нивното тело и да ги заштитиме од разни несакани ефекти од употребата на канцерогени состојки, што за жал денес се се’ поприсутни во многу производи.

ПОГЛЕД: За какви продукти поточно станува збор, што е специфично за нив.

-Се работи за природни продукти кои се изработени со луксузни масла и путери. Содржат исклучиво природни состојки, односно вегански се.

Нашите продукти се многу богати со витамини и се погодни за секаков тип на кожа, но особено се драгоцени за оние кои имаат сува и оштетена кожа, како и за оние што страдаат од егзема и псориаза.
Маслата и путерите сами по себе се дар од природата, така што се работи за добра формула. Не би рекла дека јас лично правам нешто магично, туку самите масла се магични и квалитетни, дури и јас самата многу често се воодушевувам од производите.

ПОГЛЕД: Каков е процесот на производство и какви состојки користите во вашите производи?

-Како што Ви кажав погоре, се користат луксузни масла и путери од: од коноп, од јојоба, потоа масло од бадем, кокос, див костен, масло од семки од дива кајсија, од рицинусово масло,од арган итн. Користам Шеа-путери или Ши-путер, кој е еден од најбогатите путери што природата сама го создала и поседува совршен квалитет. Користам и путер од кокос и путер од какао.

Процесот не е комплициран, но бара беспрекорна хигиена, дисциплина и концентрација.

За секој производ има посебна формула и рецепт, и ние се водиме по тоа. Тоа е клучно. Минимална грешка може да расипе целиот производ.

За мене нема поубаво нешто од тоа кога некој клиент ќе се јави или ќе ни пише дека е задоволен. Тоа ми е најголемата мотивација. Знам дека моите клиенто користат неканцероген прозвод и тоа е супер поттик за што повеќе да работам.

ПОГЛЕД: Дали според вас ова е креативна работа и колку таа вас ве исполнува?

-Да, работата е креативна, од секој призвод може да се направи фантастично нешто. Тоа е едно кутивче полно со љубов, кое мириса на прекрасни состојки од нашата палета на избор. Правиме и производи за дечиња, кои секако можат да бидат во некоја боја, за да им биде поинтересен. Може да се креира до бесконечност, но во се’ се бара многу љубов и посветеност.

Лично мене, производството на органдка козметика ме релаксира. Штом се затворам во лабораторија, јас како да заборавам на времето, на секојдневието. Смирено се препуштам на креативната и благородна работа и уживам во музиката што ја слушам од инструментите за работа. Смирението и трпението што ми ги носи оваа работа ми е предизвик. Сакам се’ повеќе и повеќе. Чувствувам радост, задоволство кои се дарови од Бога. Господи, колку само сакам луѓето да го почувствуаат тоа, да се чувствуваат посебни. Единствени.

ПОГЛЕД: Кои се оценките од вашите клиенти.

Досега мал е бројот на незадоволни клиенти во споредба со задоволните. Меѓутоа, критиките за среќа се однесуваа на амбалажите, за кои се погриживме и набрзо ќе ги промениме. Повеќето клиенти се редовни и задоволни, секој што пробал еден од нашите производи побарал и друг. Секој што знае да ја цени рачната изработка на природно односно вегански продукти, не размислува двапати.

ПОГЛЕД: Каде може да ги набавиме?

Продуктите можете да ги најдете на мојот инстаграм профил @Skincarelena или на тел бр 079238441. Имаме он-оајн порачки како и дистрибуција до дома. Во зависност од локацијата производите стасуваат од 1-5 дена.

Ви благодарам за вниманието.

поврзани објави

Последни објави