0.8 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Стевче Јакимовски: Ако станам ПРЕТСЕДАТЕЛ, никогаш нема да испратам македонски војници во војна со Русија!

Би испратиле ли како македонски претседател војска на фронт, за битка која не е во наш интерес?

Ова беше прашањето упатено до Стевче Јакимовски кој најверојатно ќе претендира да стане претседател на Македонија.

– Ние сме членки на НАТО и од тоа нема бегање. Но да испратам војска за да се тепа со Русија, шанси нема. Од таму ќе вратиме многу мртви војници, таа не е играчка, да се бориш со втората светска сила не е шега. Во директна војна не би пратил македонски војници – рече тој во емисијата на Инфомакс.

Според Јакимовски, претседателот не е безгласна буква и од него зависат многу процеси.

За војската мора да се издвојуваат средства. Оружје мора да се набави, мора безбедносните служби да се развиваат. Гледајте што се случува со овие дронови, сега има све, не е играчка веќе оваа работа. Ако ние уште се занимаваме со тоа дали треба кондури да им купиме на војниците, тури му пепел на таа работа, додава Јакимовски.

поврзани објави

Последни објави