Кинескиот патнички авион „C919“ симбол на големите кинески амбиции, мина битен технички тест и се приближи на првиот лет.
Одбор кој го сочинуваат 63 стручни лица од цела Кина заклучи дека „C919“ е спремен за првиот лет, објави „Шинхуа“.
Авионот ќе мора да помине уште неколку тестови пред првиот лет, може да пренесе 168 патници и ќе биде жестока конкуренција на „Боинг“ и новата генерација 737 како и „Ербас“ А320.