17.8 C
Skopje
Tuesday, November 5, 2024

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: ТЕЛМА ги објави осомничените за убиството на Вања, чии иницијали МВР уште не ги соопштиле!

Љупчо Палевски познат и како Палчо е осомничениот кој според истрагата, стои зад двојното убиство извршено во Велес (каде е убиен 74-годишниот фризер Панче Жежовски)и во Скопје (каде е убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска). Палевски е недостапен и најверојатно отпатувал од државата. МВР и обвинителството не ги соопштија иницијалите и возраста на осомничените, иако вообичаено постојано ги соопштуваат, особено полицијата во своите известувања до јавноста.

Палевски има десничарска проруска партија во Македонија, се занимавал со градежништво, а по меѓународна потерница распишана од Хрватска беше во екстрадициски притвор во Белград. Имаше и свој поткаст.

Меѓу осомничените е и штипјанецот Влатко Кешишов, тој е приведен и уапсен. Трет осомничен е Велибор Манев, кој исто така е приведен.

Притвор се бара и за третиот приведен Боре Видевски од Велес, тврдат извори на Телма од истрагата.

Осомничените имале блиски релации со Палевски-Палчо преку минорната радикална „Десна партија“ и на нивните фејсбук профили имаат заеднички фотографии со Палевски.

Палевски според она што може да се види на неговиот ФБ профил имал објави секојдневно освен на 27-ми ноември, кога според истрагата е извршено киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања.

Еден од осомничените исто така деновиве споделуваше видеа од гостувања на Палевски во Инфомакс, но и негови фејсбук статуси објавени на неговиот официјален фејсбук профил.

Инаку Палевски гостуваше пред две недели во Инфомакс, а пред само месец дена имаше редакциски колегиум во емисијата „Тешки муабети“.

Палевски Љупчо пак пред четири дена се има вклучено во живо на Фејсбук, видео кое исто така е споделено од Велибор Монев.

поврзани објави

Последни објави