31.8 C
Skopje
Thursday, July 25, 2024

ВИДЕО: Поради селфи завршија во вода, туристи паднаа од гондола во Венеција

На интернет се шири видео од неколку туристи кои завршиле во еден од венецијанските канали откако паднале од гондола.

Како што се наведува тие одбиле да го послушаат гондолиерот кој им наредил да седнат и да престанат да прават селфи, пишува Гардијан.

Гондолиерот завршил во водата, откако се обидел да ги спаси своите патници, пишува британскиот весник.

Според извештаите на локалниот печат, непосредно пред инцидентот, група од Кина се движела со гондолата и правела селфи со познатите локации во градот.

Под мостот потребно било максимално балансирање на тежината на гондолата, но патниците наводно ги игнорирале наредбите да седнат и наместо тоа продолжиле да фотографираат, поради што гондолата се превртела.

Во 2020 година, Здружението на гондолиери во Венеција донесе правило за намалување на бројот на луѓе на кои им е дозволено да патуваат со гондола поради тежина. Според таа регулатива, обиколката на Венеција со една гондола е дозволена за пет лица, а претходно на тој брод биле дозволени најмногу шест лица.

Здружението донесе одлука максималниот број на луѓе да се намали од 14 на 12 дури и за поголеми гондоли.

поврзани објави

Последни објави