13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Мицкоски: Поканија гостин кој повикуваше да ме бесат, Палевски сееше омраза на портал позади кој стои власта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Интервју на Шења“, на телевизија Шења рече дека зад порталот на кој осомничениот за двојното свирепо убиство Љупчо Палевски настапувал и сеел омраза стои власта која го заштитува и охрабрува на таквото однесување.

„Плукајќи ме, навредувајќи ме, па дента посвети емисија на мене, каде што поканија гостин повикуваше на бесилка, да ме бесат. И во ред. Јас ќе го истрпам тоа“, рече Мицкоски.

На прашањето дали ги пријавил овие навреди и говор на омраза, Мицкоски рече:

„Кога и каде да пријавам. Па зарем некој има дилема дали функционираат институциите“.

Мицкоски изјави дека кога се нафатил да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ бил свесен дека ќе биде мета на напад, но не дека ќе бидат мета на напад и неговото семејство и неговите деца.

„Јас бев свесен дека можеби нема да имам мирна пензија. Но, што имаат врска моето семејство и моите деца“, се запраша Мицкоски.

Мицкоски во интервјуто оценил дека истрагата за двојното убиство почнала доцна.

„Многу брзо од денеска јавноста ќе ги знае сите детали. Има детали и големи недостатоци во истрагата. Погледајте кога објавува ќерката на лицето кое е исчезнато со неговото возило, видете која е датата кога, за жал, малата Вања исчезнува и потоа видете кога почнува истрагата“, рече Мицкоски

Прашан дали тоа според него значи ненавремено реагирање, Мицкоски одговорил потврдно.

Тој додал дека од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со месеци наназад бараат оставка.

поврзани објави

Последни објави