7.8 C
Skopje
среда, ноември 19, 2025

Пехчевски со апел до Меџити да му го дадат лекот:„Министре влошена ми е состојбата, од утрово искашлувам крв“

Игор Пехчевски кој боледува од цистична фиброза бара веднаш да му биде даден лекот трикафта, бидејќи, како што вели во изјава за Фокус, здравственатa состојба му е влошена.

Тој го повика министерот Меџити веднаш да ги извести докторите на Детска клиника за да му го дадат лекот.

Мојата здравствена состојба е алармантна. Од утрово искашлувам крв. Апел до вас, известете ги докторите од Детска клиника лекот трикафта да ми биде даден веднаш за да не биде предоцна. Некој во оваа држава свесно ме убива“ вели Пехчевски.

Пехчевски во повеќе наврати ги повикуваше надлежните да го обезбедат лекот за пациентите со оваа болест.

Инаку, денеска министерот за здравство Фатмир Меџити одржа прес-конференција во Владата и го најави пристигнувањето на лекот Трикафта за пациентите со цистична фиброза

поврзани објави

Последни објави