Партијата ГЕРБ на Бојко Борисов со водство пред БСП со над 4 %, според првичните резултати за денешните парламентарни избори за 44. парламент во Република Бугарија.
Податоците од паралелното пребројување на 100% на “Алфа рисрч”покажуваат дека ГЕРБ добива 33,2% , БСП – 27,9% , ДПС – 10,6%, Обединети патриоти – 8,9% и “Волја” – 4, 8%. При тоа паралелно пребројување реформистичкиот блок не влегува во парламентот – 3,7%. Доста – 2,9%; Да, Бугарија – 2,7%; Нова република – 2,5%; АБВ-Движење 21 – 1,8%. Одѕивот бил 53%.
Пратенички мандати: ГЕРБ: 93, БСП – 78, ДПС – 30, Обединети патриоти – 25 и “Волја” – 14.
Кај 100% паралелно пребројување на “Галуп” ГЕРБ добива 32,9%, БСП – 28,1% ; Обединети патриоти – 9,5%; ДПС – 9,3%; “Волја” – 4,1%. Реформските блок – Гласот на народа – 3,3%; Доста – 3,2; Да, Бугарија – 3,0; Нова република – 2,4%, АБВ – Движење 21 – 1,7%. Излезеноста била 51,5%.
Пратеничките мандати при 100 % би биле: ГЕРБ – 92 – 96; БСП – 78-82; ДПС – 25-29; “Волја” – 11-13 и Обединети патриоти – 25-29.
Мртва трка се води меѓу третата и четвртата политичка партија во Бугарија – етничката партија на бугарските Турци Движењето за Правда и Слободи и коалицијата Обединети патриоти (ВМРО, Атака и Националниот фронт за спас на Бугарија (НФСБ)).
Во Република Македонија, гласале 275 гласачи во Скопје и 127 во Битола. Според првичните информации, овде победува партијата на Каракачанов – „Обединети Патриоти“ со над 60 % од вкупниот број на гласови.