Еве како да направите руски чај за посилен имунитет!
Руски чај за имунитет се подготвува само од неколку состојки, а е многу вкусен! Доколку барате чај за зајакнување на имунитетот, подгответе го и пијте го овој секој ден. Полн е со витамини и здрави состојки, а ќе им се допадне и на тие кои не се големи љубители на чај.
„Тајната“ состојка на овој чај е ананасот! Можеби се прашувате, од каде ананасот во оваа приказна?
Во 18 век, богатите во Русија купувале увозен ананас и го плаќале со суво злато. Тоа било скапа и егзотична храна која се јадела само во најбогатите куќи.
Како што растеше увозната индустрија, како и технолошкиот напредок што овозможи да се зачува ананасот, тој стана широко распространета и популарна храна во Русија. Затоа е главна состојка во овој чај кој се пие во зима!
Компоненти:
Литар вода, 4 кесички црн чај
Лажица цимет
Лажица каранфилче
Чаша сок од портокал
Чаша сок од ананас
Чаша сок од јаболко
Сок од лимон
Прво сварете кесички чај во две шолји вода за да добиете концентриран црн чај. Потоа во големо тенџере загрејте ги сите останати состојки, додадете црн чај и оставете да зоврие. Веднаш намалете ја топлината и динстајте уште две минути, а потоа испијте go топлиот чај или чувајте го во фрижидер и консумирајте го разладен.