Искусниот холандски стратег Луис ван Гал би можел да се врати во холандската репрезентација, бидејќи доскорашниот селектро Дени Блинд доби отказ после срамниот пораз од Бугарија во квалификациите за СП во Русија 2018. година.
Челниците на ФС на Холандија би сакале некогашниот тренер на Ајакс, Барселона, Баерн, и Манчестер Јунајтед да ја превземе улогата на советник во селекцијата во која тој на светското првенство во 2014. година донесе 3-то место.
Спрема зборовите на челниците на ФС Холандија, Ван Гал е прва опција за ангажирање, не е исклучена можноста и Роналд Куман да седне на жешкото столче.