fbpx
-6.2 C
Skopje

Ван Гал се враќа во репрезентацијата на Холандија?

АКТУЕЛНО

Искусниот холандски стратег Луис ван Гал би можел да се врати во холандската репрезентација, бидејќи доскорашниот селектро Дени Блинд доби отказ после срамниот пораз од Бугарија во квалификациите за СП во Русија 2018. година.

Челниците на ФС на Холандија би сакале некогашниот тренер на Ајакс, Барселона, Баерн, и Манчестер Јунајтед да ја превземе улогата на советник во селекцијата во која тој на светското првенство во 2014. година донесе 3-то место.

 

Холанѓаните на половина од квалификацискиот циклус за Мундијалот наредната година заостануваат шест бода во однос на лидерот Франција и три зад второпласираните Шведска, па раководството на селекцијата одлучи да го промени тренерот со цел да се врати Холаднија на патот за СП.

Спрема зборовите на челниците на ФС Холандија, Ван Гал е прва опција за ангажирање, не е исклучена можноста и Роналд Куман да седне на жешкото столче.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -