Советникот во Советот за човекови права во ОН, Жан Циглер оцени дека третата светска војна веќе е во тек.
Тој наведе дека 54 милиони луѓе минатата година се убиени во војни, умрени од глад, загадена вода или од некоја епидемија.
„ Ако Трамп го намали финансиското учествто во ОН тогаш ОН ќе биде парализирана“, вели Циглер
Истотака изрази уверение дека Трамп нема да издржи четири години на местото претседател на САД, оценувајќи дека ќе уследат психијатарски проблеми или притисокот ќе биде толку голем што нема да може да издржи да владее.