Додека во јавноста протекуваат снимки од истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Обвинителството смета дека истрагата и натаму е тајна, а тие немаат намера да одговорат на ниту едно прашање поврзано со неа, како и на обвинувањата за нивниот непрофесионализам. Информации од јавен интерес за убиствата, не може да добие ниту Владимир Туфегџиќ, бранител на осомничен во случајот, пишува Скопје1.мк
Скоро два месеци по убиствата и десет дена од објавените видео-записи од надзорни камери, каде се гледа убиениот Жежовски и автомобилот со кој е киднапирана Вања – обвинителот нема одговор како овие докази од постапката се нашле во рацете на српскиот политичар Срѓан Ного. „Скопје1“ побара одговори и дали скопското Обвинителство има намера да провери како овие материјали завршиле дури во Србија, но дури и тој податок е таен. Истовремено, во недостиг на одговори, се шират разни теории за убиствата, кои и натаму се нерасчистени, со оглед дека има осомничени, но не и обвинети лица.
Целиот текст на Скопје1.мк прочитајте го ОВДЕ (клик – извор) СКОПЈЕ1.мк








