Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска од собраниската говорница рече дека согласно волјата на народот , претседател на Собранието треба да биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Оваа Комисија за избори и именување која деновиве ќе работи мора да биде морална и етичка, бидејќи во нејзе се расправаат крупни прашања. Кандидат за претседател на Собранието не смее да биде аболициран криминалец или некој кој нема интегритет да одбие туѓи платформи. Претседател на Собранието треба да е личност која не се залага за ревизија на Охридскиот рамковен договор“, рече Милошоски.
Тој потсети дека Рамковниот договор е договор на меѓународната заедница и на внатрешните структури за мир и дека секоја натамошна ревизија отвара ризици, замки и пандорини кутии кои може да доведат нестабилност.