Пратеникот Зоран Коцевски штотуку објави нов статус во кој го искажа своето задоволство што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ останала на зборот дека уставни измени под бугарски диктат нема и нема да има!
Во продолжение Ви го пренесуваме неговиот статус:
Останавме на зборот!
Уставни измени под бугарски диктат нема и нема да има!
Како пратеник сум искрено задоволен што успеавме заедно со колегите од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го презентираме гласот на граѓанинот во македонскиот законодавен дом!
Мнозинството граѓани се јасни: Уставни измени под овие околности не смее да има!
СДС која ветуваше брда и долини сакајќи да се извади од калта во која сами заглавија, се обидува да игра на картата „европски фронт“, иако веќе и самите тие не си веруваат во тоа.
Борбата за европски вредности не е преку лажни ветувања, крадење на сопствениот народ и продавање на државните национални интереси!
СДС заборавија дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која во 90-тите години се бореше за независна самостојна Македонија, македонска војска, валута, репрезентација, полиција, македонска фудбалска лига. СДС заборави дека ВМРО-ДПМНЕ ги носеше сите клучни одлуки за државата и нејзината европска интеграција на дело, преку проекти и развој на државата, за разлика од нивното уништување на Македонија во сите области.
Затоа, СДС брои ситно, уште само неколку денови и доаѓа предвесникот на слободата!
Доаѓа време кога ќе има развој на Македонија, ќе има борба за подобар живот на секој граѓанин на оваа наша прекрасна татковина Република Македонија!
ВМРО-ДПМНЕ доаѓа најсплотено и обединето и силно како никогаш досега!








