23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

БЕКТЕШИ: Ако мислите дека СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА Е ПОГОЛЕМА ОД ШТО ТРЕБА, НЕ СЕДЕТЕ ТАКА ПРЈАВЕТЕ!

Цените во блоковите се многу транспарентно објавени од РКЕ. Не верувам дека има зголемување на цените, повеќе од тоа што е утврдено од РКЕ, рече министерот за економија, Крешник Бектеши откако дел од граѓаните се пожалиле на повисоки сметки за струја, повеќе од предвиденото.

Според него, граѓаните секогаш имаат право на жалба во РКЕ и ги повика доколку мислат дека има грешка и злоупотреба, тоа да го пријават и ќе се среди веднаш.

До 1 јули нема да има измена по цената во блоковите, бидејќи е предвидено со закон. Согласно анализите и заложбите, и потоа не очекуваме да има зголемување на цената на електричната енергија, кажа Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

поврзани објави

Последни објави