Денес во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, воедно и заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работни Никола Поповски денес се обрати пред група млади дипломати од МНР на Кралството Шведска.
На настанот, организиран од Дипломатската академија при МНР на РМ (ДДА) и Амбасадата на Кралството Шведска во Скопје, министерот Попоски зборуваше за приоритетите на надворешната политика на Република Македонија и регионалната соработка од македонска перспектива.
Покрај министерот Попоски, на настанот се обратија и амбасадорот на Кралството Шведска во Скопје, Н.Е Матс Стефансон, директорката на ДДА при МНР на РМ, Аделина Марку и директорката на Шведската дипломатска академија, Хелена Пилсас Ахлин.