9.8 C
Skopje
вторник, ноември 18, 2025

Илиевска Велковски: Патниот правец Делчево – Кочани е само пуста надеж на сите нас од истокот додека сложно преку нашите даноци парите се трошат само во западна Македонија!

Д-р Адријана Илиевска Велковски преку статус денеска ја коментираше ужасната состојба на патот Делчево – Кочани каде што повторно, по којзнае кој пат падна карпа која директно го загрозува животот и безбедноста на граѓаните!

Во продолжение Ви го пренесуваме нејзиниот статус:

– Патниот правец Делчево -Кочани, децениски проблем кој се решава само во предизборна кампања. Одрони, лизгави коловози, опасни кривини, намалена видливост, животни на патот, сообраќајки – некако се навикнавме на оваа нова (не)нормалност.

Голема и скапа инвестиција е, ќе речат надлежните од Државни патишта, и во право се, нашите пари, од даноците кои ние ги плаќаме НЕ треба да се трошат за нашата и безбедноста на нашите деца.

Но сите ние од крајниот исток заедно и сложно ќе продолжиме да ја градиме инфраструктурата во западна Македонија. Пуста надеж – некогаш ќе дојде ред и на нас, а до тогаш континуирано ќе бидеме лидери во навремено и редовно плаќање на даноци, не дај Боже сметка да ни заостане, чунки така требит. Барем во нешто сме први. Сега за сега драги мои отпишани да си сликаме и редиме фотки на социјалните мрежи од нашите карпи и камења, бидејќи се тука да останат.
Да живее магистралата А3!

Линк од нејзината ОБЈАВА – ОВДЕ 

поврзани објави

Последни објави