23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

УБАВО: Грант од 10.000 евра за малите производители на храна и малите винарии, поддршка за набавка на опрема за производство!

🚩Владата ја усвои Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година.

Креирани се нови две мерки:
🟢Финансиска поддршка за сончоглед предаден во регистрирани капацитети за откуп директно или преку еден откупувач, каде земјоделските стопанства ќе се поддржат со 5 денари по предаден сончоглед кај регистрирани откупувачи.
🟢Финансиска поддршка за откупено винско грозје и произведено од сопствен насад од страна на регистрирани производители на вино кои истовремено се регистрирани откупувачи на винско грозје и го преработиле во сопствените капацитети за производство на вино, каде поддршката изнесува 1 денар по килограм откупено винско грозје како и произведено од сопствен насад од реколта 2023 година со максимален износ по корисиник за оваа подмерка е 6.000.000 денари.
Интервентната програма е отворена, и во неа дополнително во текот на годината може да се креираат мерки за финансиска поддршка до секој еден земјоделец, секој сточар.

Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година.

✅Преку овие програми како министерство обезбедуваме грант поддршка до 10.000 евра за малите производители на храна и малите винарии, поддршка за набавка на опрема за производство. Ја продолжуваме нашата успешна приказна, оптимисти сме дека оваа година бројките и заинтересираноста на земјоделците ќе бидат уште поголеми.
Продолжуваме посветено…

поврзани објави

Последни објави