“Причините за иницијативите за возачките дозволи и за законот за патни исправи се идентични. Така се изјаснија и експерти, не само политички партии. На едниот се потпишаа и сите политички фактори во парламентот“, рече Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното издание на „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Експертите кажаа дека единствено државата е надлежна да прогласи некој документ за важечки или за неважечки. Тоа се случи со патните исправи, навистина не гледам причина зошто не би се случило и со пасошите. Бидејќи реално е невозможно, дали е тоа увидено или не од страна на претходниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Ако увидел е страшно, доколку не увидел е уште пострашно. Сите докази кои што излегоа на виделина говорат во насока на тоа дека овој хаос како да е намерно подготвуван за да се остави во наследство на сегашниот министер за внатрешни работи на техничката влада“, истакна Стојановска.
Извор: ТВ Телма