1.8 C
Skopje
Wednesday, January 22, 2025

Функционерите со 78% покачување ќе добијат К-15 за три години

По повисоките плати, функционерите ќе може да добијат и к-15 за три години, вели УПОЗ. Апелациониот суд Битола одлучил дека судија од основниот суд треба да добие регрес од 27 илјади денари за три години, со камата. Судот сметал дека судијата и покрај тоа што е избран функционер, сепак е вработен и мора да ги добие парите, тврдат од УПОЗ. Барањето за исплата на регресот било усвоено од судскиот буџетски совет пред два дена. Според синдикатите, ова значи дека сите функционери ќе треба да добијат к-15 оти сите се вработени во државните институции и таму им тече стаж, пренесува Сител телевизија

„Тоа би значело дека сите избрани и именувани лица би го остварувале правото на регрес за годишен одмор со што ние како синдикат не се согласуваме затоа што во опфатот на гранскиот колективен договор за избраните и именувани лица овој колективен не се однесува. Сметам дека тоа право не треба да го уживаат истите“ – Бојан Трипуноски, УПОЗ

Оваа одлука следи во период кога се прави обид функционерските плати да не се зголемат со растот на просечната плата.

Пратениците од СДСМ веќе доставија предлог до Собранието за измена на 6 закони и најавија дека со спуштање на коефициентите, платите на функционерите нема да се зголемат, но нема да се намалат.

За потребата од законски измени по скратена постапка зелено светло дадоа 94 пратеници. Сега предлозите треба да ги поминат комисиските филтри и да се гласаат на пленарна седница.

Сепак, дискутабилно е како платите ќе останат на сегашното ниво, кога коефициентите се намалуваат минимално, а просечната плата незапирливо ќе расте секоја година.

Владата не ги скрати платите, иако најави уште лани, а откако Џафери стана технички премиер, на оваа тема воопшто и не се разговарало. Тоа го потврдија и Велковски од ВМРО-ДПМНЕ и Битиќи од СДСМ.

Целата содржина можете да ја прочитате на Сител ТВ

поврзани објави

Последни објави