Во периодот од 4. до 10. април ќе се одржи 29-от Меѓународен саем на книгата, 20-ти Меѓународен саем за образование и за кариера и „Скопје травел маркет“.
Една од најзначајните културни манифестации во Македонија е токму саемот на книгата, а оваа година како и претходните ќе бидат понудени современи и класични литератури на домашни и странски автори, како и стручна, научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и на уметноста.
Халите ќе бидат отворени секој ден од 10 до 20 часот, а цената на влезниците изнесува 30 денари.