Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период, велејќи дека „надвор од секое нормално делување е СДСМ и ДУИ да вршат избор на тендер од 250 милиони евра на неколку недели пред избори, во период на техничка влада“.
ВМРО-ДПМНЕ бара за набавката да одлучува идната влада.
„Наместо борбени хеликоптери, власта набавува транспортни, со што не ја зголемува борбената готовност на АРМ. Дополнително никој не знае како е изберена фирмата Леонардо, и зошто не се избрани другите компании меѓу кои американска компанија или германско-француски конзорциум. Како е извршен изборот и кој ја донел одлуката што всушност да се набави. Наместо трошење на 250 милиони евра пред избори, да се стопира набавката и по неа да одлучува идната влада. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.